Од 1 декември 2026 година, стапуваат во сила новите макропрудентни мерки на Народната банка на Република Северна Македонија, со кои се воведуваат построги критериуми за задолжување при купување недвижности. Овие промени директно влијаат врз планирањето на буџетот за сите купувачи, но прават јасна разлика помеѓу оние што купуваат прв дом и инвеститорите во дополнителен имот.
Клучни промени што стапуваат во сила
- Построги лимити за месечната рата: Вкупните месечни обврски по сите кредити не смеат да надминуваат 45% од месечните приходи кај денарските кредити (намалување од досегашните 50%), односно 40% кај кредитите со валутна клаузула (намалување од 45%). На пример, при месечен приход од 60.000 денари, максималната вкупна месечна обврска се намалува од 30.000 на 27.000 денари.
- Поповолни услови за прв дом: Граѓаните кои првпат го решаваат своето станбено прашање ги задржуваат постојните олеснувања — минимално сопствено учество од 10% и максимален рок на отплата до 30 години.
- Повисоко учество и пократок рок за втор стан: За купување втор или секој следен станбен имот, минималното сопствено учество се зголемува на 25% од вредноста на недвижноста, а максималниот рок на отплата се скратува од 30 на 25 години.
- Пократок рок кај хипотекарните кредити: Максималниот период на отплата кај хипотекарните потрошувачки кредити се намалува од 20 на 15 години.
Како We4home Real Estate ви помага во целиот процес?
Во We4home Real Estate, секој клиент е наш приоритет и се грижиме купувањето или инвестирањето во недвижен имот да биде сигурно, транспарентно и без непотребен стрес.
Со цел да ви обезбедиме комплетна поддршка на едно место, We4home Real Estate има склучено официјални договори за посредување и соработка со банките за одобрување на станбени и хипотекарни кредити — како за недвижности за домување, така и за објекти за деловно работење.
Нашите агенти ви помагаат навремено да ги подготвите документите, да ги споредите банкарските понуди и да ги искористите актуелните услови пред примената на новите правила. Контактирајте нè уште денес за бесплатна консултација и заедно да го пронајдеме најдоброто финансиско и станбено решение за вас!
На следниот линк можете да ги погледенете актуелните огласи за продажба на имоте во Штип и Струмица кликни ТУКА


