Central Home во Центарот на Штип

Забрзано расте градбата на новата зграда во центарот на Штип улица Иво Лола Рибар. Станбениот објет има 12 станбени единици, деловен простор и затворена гаража поврзана од најнискатата точка до највисоката со лифт. Квалитетната градба и одличната локација придонесоа становите во краток период да бидат продадени во голем дел, каде во моменто имаме на располагање само два слободни станови и еден деловен простор, кои можете на линковите да ги разгледате.

Нов Стан строг Центар 90м2

Нов Стан 87м2 Штип – Центар

Деловен Простор 83м2 – Штип-Нова Градба

Конструкцијата на објектот е готово, започнато е надворешно затворање, предвидено е предавање почеток на 2027 година. Становите ќе бидат предадени по принцип клуч на рака, со комплетно уредена бања, кујна со плочки спреман за местење.

Зградата се состои од 4 спратови, -1 гаража, приземје и 3 спрата со поглед на центар, Исар и Дујле. Можност за купување на паркинг место, затворено во гаража 10.000 евра и отворено паркинг место 6000 евра.