Анализа на најголемите советодавни компании за промет со недвижности на светот (ЦБР): Виена најбрзо економски ќе се стабилизира после пандемијата

Градовите ширум светот на различен начин се адаптираа на кризата предизвикана од пандемијата поради корона вирусот.

Дојде до неочекуван пад на економските и социјалните активности, од коишто пазарот се’ уште закрепнува. Според анализите на најголемите советодавни компании за промет со недвижности на светот – ЦБРЕ, економското стабилизирање во Виена би требало да следи побрзо отколку во останатите градови. Со цел што подобро да се анализираат пазарите, истражувачите на водечкиот експерт за промет со недвижности ЦБРЕ креираа индекс на заздравување на градовите. Индексот опфаќа 12 клучни параметри од областа на економијата, мобилноста, туризмот, отвoрање на канцелариите, како и заздравувањето во малопродажбата и во индустријата за забава. Притоа,  секој беше оценет со оценка од 1 до 5, а целта им е што подобро да го прикажат своето заздравување во однос на нивото од 2019 година. Според индексот на заздравувањето изработен од  ЦБРЕ, градот Виена доби вкупна оценка 4, со што се позиционира на врвот на скалилото, а потоа  следи Шангај со оценка 3,8 и Париз со оценка 3,75.

“Во поглед на економските активности, Виена во светот предводи со оценка 5, додека малопродажбата, мобилноста и работните места се оценети со 4 до 4,5. Што се однесува на туризмот, Виена се наоѓа во глобален просек со оценка 2”, изјави Андреас Ридер, генерален директор на ЦБРЕ Австрија и ЦЕЕ.

“Претпоставуваме дека Виена во однос на другите градови побрзо ќе заздрави, што во најголем дел е последица на стабилната економска ситуација која во овој град владее веќе со децении”,  додава Ридер.

Експертите сметаат дека од сите стопански гранки, туризмот најбавно ќе заздрави. Само Лондон во тој поглед доби оценка 3, додека сите останати градови се многу пониско позиционирани. Во Торонто, Сан Франциско и Њу Делхи изгледите за заздравување од кризата предизвикана од корона вирусот се најлоши.

1 thought on “Анализа на најголемите советодавни компании за промет со недвижности на светот (ЦБР): Виена најбрзо економски ќе се стабилизира после пандемијата”

Comments are closed.